2,5 милиони евра за реконструкција на „Искрин мост“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Околу 2,5 милиони евра се предвидени за реконструкцијата на „Искрин мост“ на реката Пчиња кој е најголем во Куманово, а проектот е во завршна фаза на Градежниот факултет во Скопје, рече денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов при увид во реконструктивните активности на магистралата Куманово – Свети Николе.

Loading...

Покрај тоа, Куманово ќе добие реконструкција на уште два други мостови, потенцираше Китанов.

– Многу мостови не биле чепнати со децении, само ќе ви кажам дека во моментот тендерска постапка тече за мостот на Пчиња кај Доброшане, мостот на Пчиња кај Драгоманце, а на Градежен факултет завшрува ревизија за рехабилитацијата на големиот „Искрин мост“, кој е многу голем, и захтевен. Предвидена вредност од 2,5 милиони евра за цела таа реконструкција, бидејќи ќе се работи за голема и обемна реконструкција, изјави Китанов.

Како што истакна директорот на ЈП за државни патишта, делницата Куманово – Свети Николе активно се работи, долга е 42 метра, од кои 10 метри се целосно реконструрани, а од понеделник уште 15 километри ќе добијат втор слој асфат.

– Околу Куманово и минатиот пат реков, се реботат околу 120 километри регионани патишта кои се рехабилитираат, не зборувам за експресните кои сега се градат. Куманово – Опае веќе заврши, останува да се направи хоризонтална и вертикална сигнализација, Пелинце – Нагоричане завшри десет километри комплетно, а до крајот на месецот ќе започне рест од 5 километри што е до граничниот премин, Куманово – Никуштак се работи, веќе е отпочната од Ранковце до Крива Паланка рехабилитацијата, додаде Китанов.

Loading...

Кон крајот на август ќе започнат градежни зафати на патот Страцин Ранковце, а почетокот на октомври и на патот Куманово – Страцин.

-Тендерот завршува, крајот на август ќе почне да се работи Страцин – Ранковце, а некаде крајот на септември, почетокот на октомври Куманово – Страцин кој оди преку ИПА, тој е најоштетен и ќе започне некаде од октомври, доколку дозволат временските услови ќе се завшри оваа година, доколку не во летниот дел. Со тоа комплетно и делот од Куманово до Крива Паланка, Куманово –Свети Николе ќе биде завршен, и како што напомнав Опае, Никуштак, Матејче, Липково, сите ќе бидат завршени оваа градежна сезона, додаде Китанов.

Според директорот Куманово пролетта ќе ја дочека со завршени патишта, а во следните 15 до 20 години сообраќајот ќе се одвива по безбедни патишта.

Leave a Reply