ЗАБОРАВЕТЕ НА КАФЕТО: Ова е најефикасниот начин за будење

Сподели со своите пријатели

Неодамна спроведеното истражување покажало дека кафето не е најдобар начин за будење.

Loading...

Имено, многу поголем ефект на будноста на организмот има десетминутно трчање низ скалите. Всушност, утринските вежби го подигнуваат нивото на енергија подобро од било кој пијалок.

– Откривме дека кофеинот и плацебо пијалокот кој не содржи кофеин имаат ист ефект на будењето. Сепак, група научници која работеше на утрински вежби потоа имаше многу повеќе енергија – објаснува научникот Патрик О’ Конор.

Симулирајќи канцелариско опкружување, каде вработените со часови седат зад своите компјутери, испитаниите добиле капсули кои содржат кофеин или плацебо, додека некои имале задача со лесна брзина да одат низ скалите.

Како станува збор за едноставна физичка активност, можно е да ја завршите и на работа, затоа што не одзема многу време, ниту пак бара премногу труд. Едноставно, лифтот заменете го со скалите.

Leave a Reply