Индиецот Раџ Кумар одмарал во својата куќа во недела во утар Прадеш на северот на Индија, кога змија му се приближила и го каснала, по што тој одлучил да и возврати со иста мерка.
– Змијата го касна, а тој возврати така што ја гризеше дел по дел додека таа не умре, раскажал неговиот татко, а пренесува Дејли мејл.
Змија се проголта самата себе, а еве зошто го прават тоа (ВИДЕО)
Неговото семејство го одвело во болница, а медиумите пренеле дека состојбата на Кумар е критична, иако експертите земијата која Индиецот ја каснал не ја сметаат за отровница.
– Ова дефинитивно е чудно. Сум видувал луѓе кои доаѓаат со каснувања од земии, но никогаш некој да ја касне змијата и потоа да ја донесе со себе во торба, рекол Н. П. Синг, лекарот на Кумар.