02.07.2019 04:37

Змија се проголта самата себе, а еве зошто го прават тоа (ВИДЕО)


Снимка од кралска змија која се јаде самата себе започна да се шири на социјалните мрежи.

Порталот „IFL Science“ објаснува дека тоа се случува затоа што змиите се животни со студена крв и дека не можат да ја регулираат топлината на своето тело, па им е потребен надворешен извор на топлина (сончеви зраци или лампа во случај змијата да ја чувате како миленик).

loading...

Но, ако стане премногу топло и не можат да се разладат, стануваат збунети и дезориентирани, а бидејќи така им се забрзува метаболзимот, започнуваат да чувствуваат глад. Ако во близина не пронајдат било каква дуга храна, ќе започнат да се јадат сами себе, мислејќи дека уловиле плен.

Бидете внимателни: Ова е најопасната змија во Македонија

Ова за нив може да биде фатално затоа што инстинктивно не сакаат да ја пуштат храната која веќе започнале да ја голтаат.

За среќа сопственикот на оваа змија бргу се знашол и го испрскал својот миленик со средство за дезинфекција, чиј вкус многу и пречи на змијата, па сепак ги отворила устата и исфрлила добар дел од своето тело.

Фото: Youtube/Viralhog


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments