Британското кралско семејство бара нов готвач, кој би се придружил на нивното домаќинство, стои во огласот на сајтот на Бакингемската палата.
Работното време би било во палатата, а од него се бара да подготвува храна според највисоките стандарди. Иако не е јасно наведено за кои членови на кралското семејство готвачот би работел, се верува дека неговото задолжување би било за целото семејство, бидјеќи во описот на работата стои дека би патувал и во други кралски резиденции.
Платата изнесува нешто околу 24.500 евра годишно, а од кандидатот се очекува да подготвува разновидни менија за широк спектар на настани, да работи со квалитетни состојки и да се придружи на остварениот тим професионалци.
Во огласто на Бакингамската палата стои: „Како што би очекувале, стандардите тука се исклучително високи, така да ќе мора да бидете амбициозен и квалификуван готвач“.
Палатата истакнува дека е најдобро да се покаже ентузијазам ис пособност да се претставите во сите сегменти од кујната.
– Можеби имате некое претходно искуство, но вашата способност и ентузијазам се пресудни да ни ги пружите услугите во сите сегменти од кујната. Најдобро работите во тимот, а со своите вештини на комуникација и прилагодување, ќе уживате во работата со своите колеги. Важно е да посветите внимание на деталите, да ги почитувате роковите и да обезбедите храната да се доставува на време, стои во огласот.
Крајниот рок за пријава е 28ми јули и тоа пет минути пред полноќ.
Image by WikiImages from Pixabay