Skip to content

Убиството во Љуботен се случило поради сообраќаен прекршок

Сподели со своите пријатели

Убиството кое се случи во скопското село Љуботен се случило поради сообраќаен прекршок, јавува МВР. Расправија и физички напад на кружниот тек во скопската населба Бутел поради сообраќаен прекршок му претходеле на убиството на 30-годишниот Џеваир М. Денес на разговор биле повикани четири лица, додека по осомничениот за делото, 21-годишниот Т.Б. се уште се трага.

Loading...

По расправијата во Бутел, вечерта семејството на Т.Б. го повикало Џеваир со цел да ги расчистат недоразбирањата.

– Кога Џеваир М. со својот брат А.М.(23) пристигнале на влезот во селото Љуботен  од страна на семејството на Т.Б. биле повикани да дојдат до во близина на џамијата. Откако пристигнале на местото на настанот и започнале разговор со таткото и двајцата браќа на Т.Б., истиот од нива во близина испукал еден куршум погодувајќи го Џеваир М., информираат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  50-годишници се тепале во казино во Куманово

Со прострелна рана од автоматско оружје во пределот на градниот кош, Џеваир бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ – Скопје каде лекар само ја констатирал смртта.

Полицијата на местото на настанот извршила увид при што биле пронајдени и подигнати за вештачење траги од крв и една чаура.

Leave a Reply

 

Услови за преземање содржини

Надворешните линкови преку маркетинг платформата MGID се одговорност на самиот огласувач, и порталот Кумановски Муабети не сноси никаква одговорност за пласираните информации.