Мексиканскиот нарко бос Ел Чапо осуден на доживотен затвор

Сподели со своите пријатели

Мексиканскиот нарко бос Хоакинг Гузман попознат како Ел Чапо осуден е на доживотен затвор во САД, според одлуката на сојузниот суд во Бостон.

Loading...

Гузман (62) е прогласен уште на 12 февруари за виновен како лидер на нарко картелот Синалоа поради криумчарење тони кокаин, хероин и други дроги во САД, како и за планирање убиства. Обвинителите тогаш побараа тој да добие доживотна казна.

Нарко босот, кога во Мексико го чувала армија гангстери, во САД на судење е доведен во 2017 година откако два пати избегал од мексиканските затвори. Гузман бил отсечен од надворешниот свет откако бил екстрадиран во САД, бидејќи американските власти го држеле во самица во високообезбеден дел од затворот на Менхетен, а на судењата одел во придружба на бројни стражари.

Пред да му биде изречена казната, Гузман се жалел на условите во затворот и им рекол на судиите дека немал фер судење, тврдејќи дека американскиот окружен обвинител Брајан Коган не ги истражил темелно тврдењата за неговите злосторства.

Обвинителите навеле дека доказите укажуваат оти во текот на 25-годишното владеење на Гузман со Синалоа картелот биле криумчарени тони и тони кокаин и други дроги во САД, како и дека „армии убијци“ по негови наредби киднапирале, мачеле и убивале секој кој ќе му стане на пат.

Одбраната тврдела дека на Ел Чапо му наместиле други трговци со дрога кои станале владини сведоци, за да се извлечат од своите случаи.

фото: Јутјуб принтскрин

Leave a Reply