Деца го украле автомобилот на родителите, пронајдени 1.000 километри од дома

Сподели со своите пријатели

Четири деца од Австралија украле автомобил од своите родители и преминале околу 1.000 километри низ дивината во таа земја, пред да ги стопира полицијата, пренесуваат тамошните медиуми.

Loading...

Четиринаесетгодишно момче, двајца 13-годишници и едно 10-годишно девојче го започнале своето епско патување во сабота кога од родителите украле пари и јадици за риболов во возило на една од нивните семејства во Квинсленд, соопштува полицијата.

Едно од децата оставило порака за своетос емејство, каде им ги открива плановите.

Полицијата во Квинсленд соопшти дека автомобилот е заблежан во недела наутро во зафрлениот град Банана, каде децата наводно украле бензин на една станица, од каде го продолжиле патот кон југ.

Автомобилот во вечерните часови бил пронајден во близина на Грефтон, во соседната држава Нов Јужен Велс.

Полицијата соопштила дека полицајците морале насилно да влезат во возилото затоа што децата одбивале да излезат од автомобилот.

– Го заклучале автомобилот, а полицијата морала да употреби пендреци за да дојде до децата и да ги приведе, изјавил за медиумите Дарен Вилијамс, полициски надзорник на дистриктот Кофс-Клеренс.

Не е јасно кое од децата било зад воланот, но Вилијамс рекол дека најверојатно се менувале.

Loading...

– Тоа е долг пат, повеќе од 1.000 километри има од Рокемптон до Графтон. Не е можно едно лице да може константно да вози толку долго, рекол тој.

Вилијамс додал дека полицијата истражува неколку наводни кривични дела направени при патувањето.

Децата, кои биле пронајдени неповредени, се однесени на безбедно.

Засега не е јасно што ги навело децата на ваква авантура, но се претпоставува дека едно од нив било од Гафтон.

Image by trueblueline from Pixabay

Leave a Reply