Културно уметничко друштво „Српски вез“ од Куманово вчера заедно со Српската заедница во Македонија по повод Видовден организираше Ликовна работилница на тема: „Насликај ја својата татковина“.
Најмладите членови на друштвото имаа можност заедно со неколку инструктори да сликаат и да ја покажат својата креативност и својот талент за уметност, а малку повозрасните членови составија неколку стихотворби на темата „татковина“.
– КУД „Српски вез“ најавува дека од Септември ќе формира драмска и рецитаторска секција, во која ќе имаат можност да членуваат сите талентирани членови на друштвото, но и сите заинтересирани деца до 16 годишна возраст од Куманово, а со кои ќе работат неколку професионални актери и книжевници, изјави Далибор Китановиќ од КУД „Српски вез“.
Друштвото големиот празник Видовден ќе го прослави на Косово, во Општина Ранилуг каде што ќе настапи со својот прв ансамбл оркестар и етно група на повик на Културно уметничкото друштво „Симонида“. На манифестација ќе учествуваат повеќе друштва од Србија, Црна Гора и БиХ.