Без оглед на тоа дали се сложувате или не, пцуењето на јавно место би можело да ви донесе многу неволји, но и големи трошоци, пишува Дејли мејл.
Иако секому му се случува од време на време, особно ако личноста е нервозна, тоа се смета за нелегално кога престојувате во парковите, на плажите или рестораните ширум Австралија.
Листа на најбизарните закони во светот
Во законот пишува дека личноста не смее да користи навредлив речник во близина на јавни места или училишта.
Ако некој пцуе во Нов Јужен Велс, може да добие казна од 660 долари или 100 часа општо-корисна работа.
Во Јужна Австралија максималната казна е 1.250 долари или три месеци затвор.
Државите Квинсленд и Викторија исто така имаат слични прописи кога станува збор за навредливиот речник.