9 мигранти загинаа во бродолом во близина на Тунис

Сподели со своите пријатели

Туниската крајбрежна стража од Средоземното Море ги извлече безживотните тела на девет мигранти од Африка и успеа да спаси 29 по бродоломот што го доживеаја во водите недалеку од градот Монастир.

Според зборовите на Фарид Бен Јах, портпарол на судот во Монастир, тие се обидувале да стигнат до италијанскиот брег.

Во водите во близина на брегот на централниот дел на Тунис, во тек е потрага по други страдани, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Принцот Ендру во 2006 година ги угостил Епштајн, Максвел и Вајнштајн во својата резиденција