Осумдесет и двегодишен пешак од Куманово завршил со тешки повреди во болница откако во него удрил автомобил. Возачот избегал од местото на несреќата.
Loading...
– На 04.08.2022 околу 11.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од локален пат за с.Пчиња, ул.„Косовски бригади“ и крак од ул.„Тоде Думба“ патничко возило удрило во пешакот Н.А.(82) од Куманово и го напуштило местото, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, Н.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и за настанот бил известен Јавен обвинител.
Никола Ивановски