72-годишник од Косово удрил во објект на Царината

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и двегодишник од Косово, со  живеалиште во Куманово, викендов удрил во ѕид од објект на Царинската управа.

Loading...

-На 27.04.2024 во 10.40 часот било пријавено дека на Граничниот премин Белановце, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(72) од Косово, со живеалиште во с.Долно Коњаре, кумановско, удрило во ѕид од објект, сопственост на Царинската управа на РСМ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, на возачот му откажале сопирачките на возилото.

– Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа на СВР Куманово, додаваат од полицијата.

Никола Ивановски