Седумдесет и едногодишен кумановец бил приведен по пријава дека физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка.
Loading...
– На 09.02.2025 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Л.(71) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски