Точно на овој ден пред 70 години се удрени темелите на Кошаркарскиот клуб Куманово во далечната 1946 година, а по тој повод навивачката група „Кумани“ ноќва симболично прослави на градскиот плоштад.
Клубот своите најголеми успеси ги доживеал во сезоната 1979-1980, кога ја освоил титулата шампион на СР Македонија и така добил право на настап во Првата југословенска лига. Но, поради немање соодветна сала, клубот го изгубил правото на учество во лигата. Поради тоа, во 1980 година се изградила новата Спортска сала со капацитет од 7,000 гледачи, која била изградена како подарок на градот од фирмата „ИСКРА“-КУМАНОВО. Претходно, до 1980 година, клубот играл во салата „Соколана“, изградена во 1931 година.
Во Првата македонска кошаркарска лига, КК Куманово го постигнал најголемиот успех во сезоната во сезоната 2001-2002, кога бил вице-шампион. Сепак, веќе во 2003 година, поради финансиски причини,клубот се распаднал, но во 2009 година повторно се обновил.
Оваа сезона, исто како и минатата клубот стигна до финалето на домашниот шампионат каде поради сплет на околности освои сребро.