66 казнети возачи викендов во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вкупно 66 казни викендов изрекла кумановската полиција меѓу кои најмногу за пребрзо возење и возење во алкохолизирана состојба.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на Куманово изречени се вкупно 66 мерки меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 13 за возење под дејство на алкохол, 12 за прекршоци што ги прават пешаците и четири санкции за возачи кои не даваат првенство на пешаци, изјави Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.

 

 

Засилените акциски контроли, додава Младеновска, продолжуваат и во наредните денови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава е излезноста во Липково до 9 часот?

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да допринесеме за побезбедни патишта, изјави портпаролот на кумановската полиција.

Никола Ивановски

Loading...