„Богатите стануваат се побогати, а сиромашните се посиромашни“ е можеби веќе излитена фраза, но повторно е докажана, но како и секогаш до сега, дебело во корист на „перверзно“ богатите поединци.
Состојбата со нееднаквоста на богатството во светот достигна ново ниво, затоа што во овој момент дури 62 луѓе, односно ултрамилијардери, во сопственост се на богатство исто како она кое го држи сипрмашната половина од човештвото.
Ова се податоците кои се во најновиот извештај на британската хуманитарна организација „Оксфам“, кој покажува дека вкупно 62 од најбогатите луѓе поседуваат колку посиромашната половина од светската популација.
Од организацијата алармираат да се преземат итни мерки со цел да се спречи трендот со кој се предвидува дека еден отсто од најбогатите луѓе ќе поседуваат повеќе од останатите 99 отсто од населението.
Според Марк Голдинг, извршниот директор на „Оксфам“ во Велика Британија, светските лидери не се грижат дали сите ќе добијат подеднакво од економскиот раст.
„Едноставно е неприфатливо половина од најсиромашната светска популација да има пари колку мала група на богати луѓе. Толку мала што може да ги тренира еден тренер“ – рекол Голдинг.
Тој вели дека овие податоци се особено поразителни и поради фактот дека во светот девет од десет луѓе навечер заспиваат гладни.
„Оксфам“ соопшти дека богатството на најсиромашните 50 отсто се намалило за 41 отсто помеѓу 2010 и 2015 година, и покрај растот на глобалната популација од 400 милиони луѓе. Во исто време, богатството на најбогатите 62 луѓе се зголемило од 500 милијарди долари на 1.76 трилиони.