600 жители на овој град исчезнаел без трага: Ни денес не се знае што се случило со нив!

Сподели со своите пријатели

Случаите на масовни исчезнувања биле добро документирани низ историјата, иако не секогаш објаснети.

Loading...

Веројатно сте слушнале за изгубената колонија Роаноке и бродот на духови „Мери Селест“, како и исчезнатите жители на селото Ескими кое се наоѓа на брегот на езерото Ангикуни. Нешто слично се случи и во Хоер Верде.

Овој мал град во срцето на бразилската џунгла е сцена на никогаш решена мистерија – сите негови 600 жители исчезнале без трага и глас, пишува Povjest.hr

На 5 февруари 1923 година, мала група луѓе пристигнале во Хоер Верде за да ги посетат роднините. Штом се приближиле до градот, сфатиле дека нешто не е во ред: вообичаената бучава на децата, досадните воздишки на фармерите и лаењето на кучињата биле заменети со гробна тишина.

Улиците биле морничаво пусти, а ролетните на куќите ги дувал ветрот. Пристигнувајќи во домот на роднините, гостите биле изненадени кога забележале дека влезната врата е ширум отворена.

Со трепет во срцето, кој станувал се поинтензивен со секој чекор, оделе од соба во соба, повикувајќи ги своите најблиски. Никој не им одговорик. Куќата била празна.

 

Loading...

 

За работите да бидат уште поневообичаени, сфатиле дека нивните роднини заминале набрзина: на семејната маса стоеле полупразни чинии, како неми сведоци на животот прекинат во нивната рутина.

Исплашени, дојденците истрчале во соседната куќа, но и во неа немало никој… Исто како и во неколку други куќи на чии врати тропале.

Не знаејќи што да прават, се обратиле во полиција за помош. Силите на законот не ги довеле до просветлување. Откриле дека сите куќи се празни, а сите жители исчезнале во непознат правец и од непознати причини.

Немало траги од заседа, напад или крв. Било јасно само едно – луѓето толку брзале што немале време ниту да ги спакуваат најосновните работи. Оставиле сè зад себе – пари, документи, вредни предмети…

Откритијата во локалното основно училиште сведочат дека причините за нивното исчезнување не биле убави или пријатни.

Таму, на подот од училницата, пронајден е пиштол кој сè уште мирисал на барут, што значи дека од неодамна е пукано. А на училишната табла со креда биле испишани зборовите кои ги изненадиле и најискусните полицајци: „Нема спасување“.

Полицијата првично шпекулираше дека жителите на Хоер Верде избегале од страв од локални герилски групи или насилни шверцери на дрога, но приказната се покажала како неубедлива – да било така, тие некаде ќе се појавиле, ќе повикале некого…

Loading...

Можноста дека некој ги убил, исто така, не „држи вода“ – криењето на телата на 600 луѓе е невозможен потфат, дури и кога се работи за прашума.

Се разбира, во следните години имало некои теории за натприродни субјекти вклучени во исчезнувањето, но за нив, погодувате, немало докази.

Случајот е затворен, а напуштениот град на крајот го проголтала прашумата, како да сака да ја скрие својата тајна во зелените пазуви.