60 Ферари, Ламборџини и други луксузни автомобили запленети во Лондон

Сподели со своите пријатели

Полицијата заплени 60 луксузни автомобили вредни шест милиони фунти како дел од зголемената акција против оние кои ги користат улиците на Лондон за своја приватна тркачка патека, објавија денеска британските медиуми.

Loading...

Меѓу возилата што ги заплени Скотланд Јард се автомобилите Бентли, Ролс Ројс, Мекларен, Ферари и Ламборџини, пишува Дејли Мејл.

Полициската акција, која се одржа минатиот викенд, уследи по повторените поплаки на локалните жители од Вестминстер кои изјавија дека возењето е неконтролирано и со голема брзина по нивните улици.

Во рамки на акцијата уапсени се пет лица за осигурителни измами, користење мобилни телефони при возење, неврзување појас и невнимателно возење, соопшти полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жена жива изгоре во метрото во Њујорк, напаѓачот уапсен (ВИДЕО)

Како што се наведува, поради загриженоста дека улиците во центарот на Лондон станале како тркачки патеки, полицијата од минатиот петок започнала засилена акција.

Високиот офицер на метрополитенската полиција Џеф Татман рече дека полицијата ги става граѓаните на прво место и е тука да ги слушне нивните грижи.

Тој додаде дека полицијата успешно се справува со појави како што е несоцијалното возење кое предизвикува стрес и проблеми кај туристите и жителите.

Како што посочуваат од полицијата, во соработка со локалните власти, ваквите акции ќе продолжат со цел автомобилските трки да останат на тркачките патеки, а не на улиците.

Loading...