Во последно време често читаме што се не треба да се држи во домот, затоа што одредени предмети наводно привлекуваат несреќа, болест… Но, што е она што е пожелно секој да го држи во домот?
Како што постојат негативни, така постојат и предмети кои ни носат одлична енергија во домот, а со самото тоа и здравје, среќа и добро расположение.
Опкружете се со следните предмети и тие ќе ви подарат радост и комфор, а дури и ќе влијаат на вашиот емотивен баланс.
Делува страшно, но според фенг шуи носи многу пари
1. Тоа парче гардероба
Ормарот е препол со се и сешто, работи кои ги носиме секој ден, но и парчиња кои не сме ги носеле со години, но не можеме да се откажеме од нив. Каков и да е вашиот плакар, во него мора да има барем едно парче гардероба кое кога ќе го облечте ќе ви донесе радост.
Ако во него се чувствувате моќно, полни самодоверба, не треба да имате грижи дали е модерно, чувајте го и носете го.
2. Предмет кој ви пружа посебно чувство
Фенг шуи експертите велат дека предметите можат да се „наполнат“ со позитивна енергија, а потоа да ви служат како талисман за среќа. Тоа може да биде буквално било што – шнола, брош, приврзок, кованица, некој подарок кој ви го дала драга личност. Луѓето не се врзуваат без причини за одреден предмет и не веруваат дека им носи среќа туку така.
Зошто според фенг шуи во спалната соба не треба да имате огледало?
3. Цвеќе во саксија
Го засилува кислородот во домот, пружа чувство на радост и љубов, а притоа изгледа фантастично и негативното го претвора во позитивно.
4. Суво ливадско цвеќе
Спровитно на врежаното верување, сувото цвеќе не носи несреќа, туку ја неутрализира негативната енергија. Она што не треба да го држите дома е вештачкото цвеќе.
Пет работи кои привлекуваат лоша енергија во вашиот дом
5. Фигури од животни
На пример, фигура на лав или куче чувари, енергетски буквално се однесуваат како чувари на вашиот дом.