Во понеделникот во Тунис беа забележани рекордни температури, бидејќи на 18 главни метеоролошки станици беа измерени максимални температури над 45 целзиусови степени.
Loading...
Националниот институт за метеорологија објави дека во Картагена се измерени 49 степени, така што е надминат рекордот од 46,4 степени, кој беше измерен на 1 јули 1998 година, пренесува Анса.
Рекордни температури се измерени и во Бизерте (48,9 степени) и Загуан (47,2 степени).
Како што информираат од Бирото за метеорологија, денеска ќе продолжат рекордните горештини во централните, источните и јужните делови од земјава, а на северот благо опаѓање на температурите.