300.000 потписи како поддршка да се казни газдата што закопа живо куче (видео)

Сподели со своите пријатели

Фотографии од куче закопано живо во Франција се проширија низ светот за една ноќ, пренесуваат светските портали.

Loading...

Педро Динис, шетајќи со своето куче во близина на Сена, западно од Париз, забележал како француски Мастиф бил закопан жив и оставен да умре на милост и немилост.

 

Со помош на неговото куче, Педро започнал да копа околу Мастифот, додека чекале да пристигнат спасувачките служби. За време на спасувањето, Педро забележал дека едната нога на кучето е завржана за вреќа полна камење, што би го спречило кучето да побегне од лице место.

 

Според полицијата, десетгодишниот мастиф кој страдал од артритис, бил во шок и дехидриран, и бргу по спасувањето однесен во ветеринарна клиника каде бил спасен од сигурна смрт.

Loading...

55c357b58d923

Дваесет и едно годишниот сопственик бил приведен по инцидентот, и ќе биде суден за иживување врз животни, и покрај неговата изјава дека кучето само побегнало. Истражителите велат дека неговата изјава не му оди во прилог воопшто, и тој најверојатно ќе биде осуден на двегодишна затворска казна и ќе биде принуден да плати и до 21.000 евра отштета.

На онлајн петицијата во која се бара максимална казна за сопственикто, досега се доставени преку 300.000 потписи.

Потпишете се ОВДЕ.