Како да ја исчистите климата во три чекори? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

За да клима уредот работи совршено и притоа биде добар за вашето здравје, задолжително пред секоја летна сезона темелно исчистето го од внатре. Можете да замислите што се завршило во фитлерот и се таложило од претходните месеци. Валканиот филтер значи нечист воздух за дишење, а тоа не е нешто што го сакате за своето семејство.

Наместо да повикате мајстори да го направат тоа, можете и самите да ја подготвите климата за новата сезона. Не е комплицирано само следете ги следните чекори.

Ставете коцка мраз на овие точки од телото и нема да имате потреба од клима

Loading...

– Исклучете ја климата од струја

– Извадете ја предната маска на климата. Обично тоа се прави многу лесно, со едноставно повлекување кон себе. На некои уреди сепак е прицврстена со шрафови, па ќе ви треба и малку алат.

– Откако ќе ја извадите маската, веднаш ќе го забележтие филтерот, кој се наоѓа зад преднта маска на уредот. Едноставно извадете го, но внимавајте на острите објекти кои би можел да стојат зад него.

– Филтерот ставете го во када. Во зависност од количината на нечистотија која се насобрала, најобичното перење со топла вода би требало да биде сосема доволно. Ако не, можете да употребите сапун или детергент за алишта, како и да го исчистите со помош на стара четка за заби.

– Бидете сигурни на крајот дека филтерот е целосно сув пред да го вратите на почетната позиција. Заглавете го на местото од каде го извадивте. Обично се слуша „клик“ кој сугерира дека филтерот е правилно поставен.

Тоа е целата мудрост, а ако не сфативте подолу има и видео објаснување.

Leave a Reply