Во трите основни училишта во општина Старо Нагоричане се запишани 28 првоодделенци, информираа денеска надлежните од општината.
Loading...
Шест ученика се запишани во Старо Нагоричане, десет во село Драгоманце и 12 во Младо Нагоричане.
– Обезбедени се по 3.000 денари од општинскиот буџет за првоодделенците. Одлуката ја донесе советот, повикот беше објавен во мај, годинава родителите аплицираа и веќе се исплатени средствата, изјави заменик градоначалник на општината, Боба Цветановски.
Вкупно, во општината во трите основни училиште „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане, „Христијан Карпош“ во Младо Нагоричане и „Христијан Тодоровски Карпош“ во село Драгоманце, настава следат 265 ученика.
МИА