28-годишник со тврд предмет ја претепал невенчаната сопруга

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишен куманоевц бил приведен вчеравечер по пријава дека со тврд предмет ја нападнал невенчаната сопруга.

Loading...

– На 02.12.2024 во 18.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С. (28) од Куманово, затоа што со тврд предмет ја нападнал неговата невенчана сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тротинети, обувки, облека, алат... Што се е запленето на Табановце изминатата недела?