28-годишен кумановец ја нападнал невенчаната сопруга

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишен кумановец бил приведен по пријава дека физички ја нападнал својата невенчана сопруга.

Loading...

– На 11.07.2024 година во 16.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С. (28) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата невенчана сопруга. информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски