Телата на 27 мигранти, кои најверојатно починале од жед, се пронајдени во пустината во Чад, објави во вторникот агенцијата за миграција на ОН.
Мигрантите, наводно, го напуштиле Мусоро, град во централниот дел на Чад со пикап пред 17 месеци, според Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
„Веруваме дека возилото се расипало во длабоката пустина и тие се изгубиле и на крајот умреле од жед“, се вели во соопштението. Меѓу 27-те загинати има четири деца.
Чад е нестабилна земја во Централна Африка која граничи со Либија на север, преку која африканските мигранти стигнуваат до Средоземното Море.
Голем дел од земјата е речиси ненаселена Сахара.
Според податоците на ИОМ, од 2014 година во таа пустина загинале или исчезнале 5.600 мигранти, а само оваа година имало 149 смртни случаи.