26 Меѓународен фестивал на афоризмот и карикатурата „Струмица 2025“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во среда од 20 часот ќе биде отворена изложбата од 26-тиот  Меѓународен  Фестивал на афоризмот и карикатурата „Струмица 2025“.

Loading...

Изложбата се реализира во соработка со НУ “Антон Панов“ – Струмица којшто воедно е и организатор на фестивалот.

Изложбата содржи 30-тина карикатури селектирани од стручното жири меѓу кои и првонаградените. Во рамките на Фестивалот беа доделени и наградите за најуспешните афоризми но и признанија за Струмичкиот карневал.

Изложбата во Куманово ќе трае во наредните десетина дена.

Интегрално соопштение

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата