26 медали за кумановските атлетичари од Државното првенство (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Атлетичарите на Атлетскиот клуб Куманово освоија дури 26 медали на Државното поединечно првенство за сениерои кое изминатиот викенд се одржа во Скопје.

Loading...

 

 

Клубот беше најуспешен на целото првенство и освои девет златни, 11 сребрени и пет бронезни медали.

 

 

Loading...

– Убедливо прв АК Куманово заврши во бројот на освоени поени. Така што сега во сениорска конкуренција се освоени двата најважни натпревари, односно покрај победата на Сениорскиот куп, клубот успеа да се избори за најдобар и на ова првенство, велат од клубот.

 

 

Матеја Ефремовска освои златен медал во трискок, и сребрени медали за дисциплините скок во далечина, фрлање ѓуле и фрлање диск.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фотоапарати, злато, кимона и боксерски ракавици запленети на Табановце (ФОТО)

Дијана Вукановиќ освои злато во дисциплината 100м пречки, сребро за трискок и 400м, додека со во 200м со пречки освои бронза.

Теа Алексовска освои златни медали за фрлање диск и фрлање кладиво, а бронза за трискок и фрлање ѓуле.

 

Loading...

 

Бранкица Марковиќ освои златен медал во дисциплината фрлање ѓуле, а сребро за фрлање копје и фрлање кладиво.

Марија Дувлис освои срребро за 100м со пречки и бронза за 400м со пречки.

Ениса Тасевска освои сребро за 5000м.

 

 

Loading...

Маријан Нојковски се врати со злато за фрлање ѓуле и фрлање кладиво, а со бронза за фрлање диск.

Даниел Јосевски има сребрен медал за фрлање кладиво и бронза за фрлање ѓуле.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плато за „street workout“ поставено кај Соколана (ФОТО)

Ненад Младеновски освои сребро за скок во височина.

 

 

Loading...

Два зладни медали освои клубот во дисциплината, Штафета 4×100м жени и 4×400м жени.

Никола Ивановски