25 илјади фунти за неколку проекти во с. Умин Дол (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Жителите на с. Умин Дол во текот на вчерашниот ден одржаа средба со претставници од општина Куманово, како и претставници од Македонскиот центар за меѓународна соработка со цел да донесат одлука во што да се инвестира во нивното село.

Loading...

DSC_0058

Преку проектот Акции во заедницата – партиципативно граѓанско учество, а со доанција на Амбасадата на Кралството Велика Британија, во вредност од 25 илјади фунти ќе бидат реализирани неколку проекти.

DSC_0067

Целта на проектот е да се зајакне и зголеми учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво, создавање на локални партнерства, подобрување на животот на луѓето и демократизација на општеството.

DSC_0076

На заедничката дискусија присуствуваше и секретарот на општина Куманово, Валентина Алексовска која го поздрави залагањето на МЦМС за реализација на вакви проекти.

Потребно е на еден транспарентен начин кога ќе се определат одредени финансиски средства самите граѓани на таа месна заедница да одлучат каде ќе ги вложат тие финансиски средства. Доколку има потреба или недостиг од финансиски средства тогаш локалната самоуправа од својот буџет ќе обезбеди конфинансирање на овој проект – вели Алексовска.

Loading...

Проектот ќе биде поделен во три дела при што групни дискусии со граѓаните ќе се одржат и во декември и во јануари. На првата групна сесија која се одржа вчера се избраа работните теми, беа дефинирани конкретни теми и се дадоа соодветни предлог решенија, а беше формирана и работна група за анализа на темите.

За овој проект биле предложени општините Куманово и Липково, а на конкурсот избрана е општината Куманово, каде од четири месни заедници изберени се две, Умин Дол и Горно Којнаре.

Верувам дека од интересот што граѓаните го пројавија овој проект ќе биде успешен затоа што самите граѓани ќе можат да дебатираат и да носат одлуки – вели директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка, Димче Митрески.

Инаку иста сума на средства е издвоена и за МЗ Горно Којнаре каде иста ваква средба се одржа вчеравечер.