24-годишен кумановец го нападнал својот дедо

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишен кумановец бил приведен по пријава дека физички го нападнал неговиот дедо.

Loading...

– На 24.09.2024 во 12.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.М.(24) од Куманово затоа што физички го нападнал неговиот дедо, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, Д.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворен фестивалот „Денови на комедија“ (ФОТО)