23 приврзаници на шиитскиот лидер Моктада Садр убиени во Багдад

Сподели со своите пријатели

Најмалку 23 приврзаници на шиитскиот лидер Моктада Садр се убиени од вчера во судир меѓу ривалските сили во Багдад, соопштија здравствени извори.

Loading...

Околу 380 лица се повредени во насилствата во Зелената зона, безбеден периметар во центарот на главниот град на Ирак, каде се наоѓаат владините институции и амбасадите.

Ноќта беше мирна, но утрово повторно избувнаа борби меѓу приврзаниците на Моктада Садр, од една страна, и армијата и припадниците на поранешните проирански паравоени формации интегрирани во редовните сили, од друга страна.

Немирите започнаа кога Моктада Садр објави дека се повлекува од политиката.