23-годишник приведен во Куманово, возел без положен возачки испит

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишник бил приведен вчера во Куманово откако полицијата констатирала дека возел без да има положено возачки испит.

– На 28.08.2026 во 14:25 часот на улица „11 Ноември“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А.(23) од село Отља, липковско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата при контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Џ.А. и по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит.

– По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено, велат оттаму.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  31-годишник бегал од кумановската полиција оти возел без дозвола

По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, против Џ.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски