Властите во Кина ги заменија двајцата генерали Џанг Јуксија и Лиу Женли од позициите во Централната воена комисија (ЦВК), објави Ројтерс.
Џанг беше заменик-претседател на Централниот комитет на Народна Република Кина, кој се сметаше за втор човек во военото раководство на Кина, по кинескиот претседател Си Џинпинг, и беше негов најблизок воен соработник.
Истрага против генералот беше покрената во јануари под сомнение за сериозни прекршувања на дисциплината и законот.
Кинескиот претседател започна кампања против корупцијата во војската во последните неколку години.
Како дел од неа, поранешните министри за одбрана Веи Фенгхе и Ли Шангфу беа отстранети од своите позиции и ставени под истрага.
Промените во персоналот се случија по гласините за можен обид за воен удар во Кина.
Како што објави „Спектејтор“ во јануари, Џанг наводно испратил чета војници кон хотелот Џингши во западен Пекинг, каде што требало да го уапсат Си Џинпинг.
Војници од Централното биро за заштита на кинескиот лидер ги нападнале војниците на Џанг во заседа. Девет припадници на безбедносните сили и неколку десетици војници наводно биле убиени во конфликтот.
Џанг учествувал во кинеско-виетнамската војна во 1979 година. Неговиот татко, генерал Џанг Чонгшун, бил соработник на таткото на кинескиот претседател, Си Џинпинг. Џанг и Си припаѓаат на таканаречените „кнезови“ – потомци на високи партиски функционери.
Во 2012 година, Џанг станал началник на Генералниот директорат за оружје на Народноослободителната армија на Кина (PLA), кој е задолжен за набавка и развој на оружје.
Во 2017 година, тој станал заменик-претседател на Централната воена комисија, а во 2022 година бил повторно избран на таа позиција, иако според правилата требало да се пензионира.

