20 лица загинаа во тајфунот Гаеми на Филипините

Сподели со своите пријатели

Минувањето на тајфунот Гаеми, пропратено со обилни дождови, усмрти 20 лица на северот на Филипините, каде што во тек се операции за расчистување, соопшти денеска полицијата нов биланс на влијанието на тајфунот.

Loading...

Страдањата во главниот град Манила и неговите околни провинции беа предизвикани од поплави, лизгање на земјиште, струен удар и паѓање дрвја за време на обилните дождови што вчера го зафатија филипинскиот остров Лузон, најнаселениот од архипелагот.

Тајфунот Гаеми направи директен удар во Тајван ноќта меѓу средата кон четвртокот и сега се движи кон источниот дел на Кина.