18 лица уапсени во врска со пожарите во Лос Анџелес

Сподели со своите пријатели

Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес соопшти дека досега се уапсени 18 лица во врска со криминални активности поврзани со пожарите во Итон и Палисадес.

Loading...

Обвиненијата вклучуваат грабеж, кражба, кражба на идентитет, поседување алатки за кражба и поседување наркотици, изјави заменик-шерифот Мајрон Џонсон, пренесе ABC News. Еден од осомничените бил на активен условен отпуст и бил обвинет и за поседување огнено оружје, додаде тој.

Полицискиот час воведен во областите погодени од пожарите Палисадес и Итон е на сила до натамошно известување.

„Оваа мерка е преземена за да се подобри јавната безбедност, да се заштити имотот и да се спречи грабежот во областите каде што жителите се евакуирани“, рече Џонсон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трите најсилни партии во Германија викендов одржуваат клучни состаноци

Во моментов во округот Лос Анџелес горат пет пожари.

Според официјалните податоци, најмалку 11 лица загинале, а властите предупредуваат дека точниот број на жртви нема да се знае додека истражителите не можат безбедно да влезат во погодените населби, пренесува Танјуг.