18-годишник од Отља бил агресивен кон полицајци

Сподели со своите пријатели

Осумнаесетгодишен мештанин на липковското село Отља бил приведен поради агресивно однесување кон полициски службеници.

Loading...

– На 28.12.2023 во 07.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле М.С.(18) од с.Отља, липковско, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски