15 примери за тоа како се зборуваше со децата пред триесет години

Сподели со своите пријатели

Родителството се менуваше во текот на изминатите години, но разликата во последните 30 години е очигледна, ако се земе во предвид што слушаа генерациите тогаш, а што денес во 2015 година, кога децата сакаат да го прескокнат детскиот живот, или барем така наликува согласно нивното однесување.

Loading...

Дали родителите се сами виновни или модерниот тренд на живеење го наметна тоа темпо, пресудете сами според начинот на кој зборуваа родителите во 1985 година и сега.

1. 1985: Ама си се извалкал надвор, мора да ти било добро додека си се играл. Стави се` во машина за перење.

2015: Немој случајно да си се извалкал надвор. Нема кој да пере и да пегла после тебе.

2. 1985: Немој да си станал од маса додека не изедеш се` од чинијата.

2015: Што? Не ти се допаѓа? Сега мама ќе ти зготви нешто друго.

3. 1985: Ако ти остане кусур, купи си Чунгалунга.

2015: Стави си сине во корпа што ти се јаде.

Loading...

4. 1985: Доаѓај дома, веднаш. Доцна е. На улица нема никој веќе.

2015: Тргни се од компјутерот и иди поиграј надвор, те молам.

5. 1985: Учителката те казни? Сигурно си заслужил.

2015: Утре одам кај директорот. Што е ова однесување кон деца на таков начин?

6. 1985: Се скаравте со Марко? Ајде, утре ќе се смирите.

2015: Марко ти се развика? Сега ќе види мајка му.

7. 1985: Гледај цртан филм пред вести и бегај во кревет.

2015: Сине, па доста гледаш серии. Ајде легни си, одамна помина полноќ.

Loading...

8. 1985: Кога ќе видиш постар човек, кажи ”Добар ден”

2015: Не се поздравувај со никој, од кај знаеш кој е и што е.

9. 1985: Си ја скрши играчката? Е сега нема да имаш со што да се играш, па ќе си водиш сметка.

2015: Не, сине. Не плачи. Тато сега ќе оди во продавница да ти купи иста таква.

10. 1985: Учителка, детето е болно ама го пративме на школо.

2015: Ало, учителке. На Марко му тече нос, цела недела нема да дојде на школо.

11. 1985: Не ме занима како живее Марко.

2015: Ако има Марко, ќе има и моето дете па макар да трпиме за леб.

Loading...

12. 1985: Памет во глава.

2015: Сине, јави ми се кога мама да те собере од град.

13. 1985: Ако не учиш, ќе копаш канали, ќе чистиш клозети.

2015: Ако учиш, мама и тато ќе ти купат што сакаш.

14. 1985: Немој двапати да ти повторам една иста работа.

2015: Смири се сине. Ајде. Смири се. Јади нешто. Смири се.

Loading...

15. 1985: Не ми е гајле кој е крив. Се` да средите, и тоа веднаш.

2015: Мама ќе ви ја среди собата, вие не се напрегајте.