15 лица загинаа во лавини во Таџикистан

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во серијата лавини во источен Таџикистан во изминатите два дена се зголеми на 15, соопшти денеска владата на земјата.

Loading...

Повеќе од 400 семејства беа евакуирани од своите домови, а повеќето од лавините го погодија автономниот регион Горно-Бадакшан, кој граничи со Кина и Авганистан, соопшти владата.

Во соопштението се наведува дека лавини погодиле куќи и патишта, а целиот меѓународен сообраќај е во прекин.

Градоначалникот на главниот град на провинцијата, Хорог, Ризо Назарзода, ги повика 30.000 жители да останат дома поради обилните врнежи од снег и дожд.