Поранешната зависничка од хероин успеала да го сврти својот живот откако и било кажано дека има само една година, а сега е чиста неверојатни 12 месеци.
Каролин Бест исто така учествувала во кражби, таа била зависна од хероин и крек.
Последните 15 години ги поминала во и надвор од затвор за купување дрога и кражба, што ги користела за финансирање на нејзините зависности.
Меѓутоа, пред 12 месеци и било кажано дека употребата на дрога предизвикало нејзино срце да се влошува и дека лекарите нема да можат да ја оперираат се додека не ги исфрли супстанциите што биле толку драстично штетни за нејзиното тело.
Откако се приклучила на рехабилитација во минатиот август и следела интензивна програма за повлекување на дрогата, Керол денес слави дванаесет месеци како е „чиста“. По тој повод, таа рече:
– Благодарение на Стјуарт Тугуд, сега сум продуктивен член на општеството и му благодарам што ми помогна да направам нешто што не можев да го сторам сама. Јас сум жив доказ дека можеме да се опоравиме, рече таа, пишува Би-Би-Си.