14 години од смртта на Бобан Трајковски – бранител од Куманово

Сподели со своите пријатели

На денешен ден, пред 14 години кај тетовското село Вејце, загинаа осумина припадници на специјалните сили на МВР. Покрај осуммина убиени, имаше и шестмина повредени.

Loading...

По тој повод, денеска на три локации во Битола, во присуство на нивните соборци и најблиски роднини беше положено цвеќе во чест на загинатите полицајци.

Во нападот на полициската патрола загинаа Роберт Петковски од скопско Бунарџик, Бобан Трајковски од Куманово, Миле Јаневски  од Македонска Каменица, Игор Костески од Кисела Вода, Марјан Божиновски и Кире Костадиновски од битолско Горно Оризари, Бошко Најдовски од битолско Долно Оризари и Илче Стојановски од битолско Породин.

Бобан Трајковски (Куманово, 26 март 1973 – Вејце, Тетовско, 28 април 2001) беше македонски бранител, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ при АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година.

Leave a Reply