13 медали за младите каратисти на „Ронин Доџо“ од Куманово на турнир во Србија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Каратистите на кумановскиот карате клуб Ронин Доџо се вратија со 13 медали од 23. Меѓународен карате турнир „Власотинце опен 2025“.

Loading...

 

 

Кирил Младеновски освои прво место во категоријата ката тим, како и трето место во ката поединечно.

 

 

Loading...

Два златни медали освои Дамјан Стојановски, во категориите ката тим и ката поединчено, додека Андреј Стојановски освои прво место во ката тим, а второ место во ката поедничено.

Лазар Блажевски освои две втори места во истите категории, исто како и Марко Крстевски.

 

 

Голем успех оствари и Емил Миленковски кој се врати со дури три медали. Освои прво место во ката поедничено, второ место во ката тим, додека со бронза заврши во поединечните борби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири казни при синоќешната контрола на кумановските угостители

– Нема поголема награда за тренерот кога неговите ученици ќе направат резултати вредни за почит. Потребни се години на упорен и истраен труд да се дојде до квалитет и да може натпреварувачот да дава резултати. Мојата верба во моите ученици донесе плодови, т.е. медали. Никако не треба да ја заборавиме тука и поддршката на родителите во целиот процес на подготовки и натпревари. Тој свет триаголеник учител – ученик – родител, мора беспрекорно да фунционира за да може да остваруваме резултати и да имаме здрави деца спортисти ки во иднина ќе бидат совесни и чесни граѓани, изјави тренерот на Ронин Доџо, Оливер Милорадовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Претежно сончево и топло

 

Loading...

Никола Ивановски