Дванаесет случаи на сезонски грип имало изминатата недела во Куманово, од вкупно 42 регистрирани во Република Македонија.
Според извештајот на Институот за јавно здравје најмногу случаи се регистрирани во Гостивар 13 и еден помалку во Куманово, по што следуваат Тетово, Неготино, Свети Николе, Скопје, Кавадарци и Струмица.
– Во текот на 43-та недела од 2024 година (од 21-27.10.2024), во Република Северна Македонија, пријавени се 42 случаи (I=2,3/100.000 жители) на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, за 16,0% помалку во споредба со претходната недела (n=50). Во споредба со 43-та недела од минатата сезона, (n=45), се регистрира намалување од 6,7%, додека во однос на моделот за последните 14 сезони (n=48), се регистрира намалување од 12,5%, информираат од Институтот.
Во текот на 43-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнале 29 материјали за лабораториско тестирање на грип, од кои 12 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19 и истите се со негативен резултат за присуство на инфлуенца вирусот.
Никола Ивановски