Колку и да мислиме дека знаеме сè за сексот, секогаш се наоѓа барем едно прашање на кое не сте го знаеле одговорот.
Собравме 10 најинтересни одговори за страста, оргазмот и хемијата која се ослободува за време на ова уживање.
1. Која е најудобната поза за секс под туш?
Зависи од кадата, но секако најудобна е стоечката положба. Потпрете се со рацете на работ од кадата или ѕидот, а мажот нека биде одзади. Ако имате можност загрејте ја атмосферата и наместете се пред огледало.
2. Дали сакаат мажите да си играме со нивните брадавици?
Зависи од мажот. Некои тоа го сметаат за иритирачко, а за некои брадавиците се ерогена зона. Пробајте полека да го допирате со прстите, а ако му се допадне продолжете со бакнежи.
3. Која поза е најдобра за оргазам?
Сите ние сме различни, но истражувањето покажало дека најчесто тоа е позата кога жената е одозгора. Причина за тоа е што тогаш клиторисот најлесно се надразнува.
4. Во која поза најлесно се доаѓа до женската Г точка?
И овој дел е многу индивидуален. Кај повеќето жени до Г точката најлесно се доаѓа со таканаречениот doggy стил.
5. Колку предигра е потребно за жената да се „навлажни“?
Предиграта е многу важен дел од сексуалниот однос и за тоа е потребно време. На жените најчесто им е потребно 15 до 30 минути.
6. Кој е најдобриот начин да се спречи предвремената ејакулација кај мажите?
Ако е мажот многу возбуден обидете се во текот на сексот што почесто да ги менувате позите. Тоа ќе му даде време да се „одмори“, а вам да доживеете многу динамичен секс.
7. Зошто сите мажи наутро се нај возбудени?
Тоа е природна реакција бидејќи во утринските часови, па и порано, машкиот хормон тестостерон е на највисоко ниво.
8. Дали е нормално жената и мажот да мастурбираат и после одличен секс?
Мастурбацијата е нормална појава бидејќи редовниот секс дополнително ја зголемува желбата за секс. Тоа значи дека колку повеќе се сексате толку почесто ќе се возбудувате.
9. Која е најдобрата поза ако жената е многу пониска од мажот?
Разликата во висина понекогаш во сексот може да преставува проблем. Позите кои се идеални за голема разлика во висината се оние кога е жената одозгора или пак кога се практикува секс на столче.