Непосредно пред Руско-турската војна од 1878 година положбата на населението во Куманово била многу тешка. Поради тоа Македонците формирале чети кои се бореле против Турците, особено во Козјачијата. Најпознати биле четите на Младен, Черкез Илија и на Велика Беговица од селото Малотино.
10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (Прв дел)
Големиот револуционер Димче Величковски – Еребица на 15 јануари 1930 година од полицијата од Куманово бил спроведен за Белград каде бил осуден на седумгодишна робија според Законот за заштита на државата.
Кумановското село Скачковце порано се викало Алифаќан. Населението барало селото да добие македонско име и за тоа го молело Јашар-Бег кој бил нивен господар. Еднаш кога Јашар бег бил на лов и седнал да руча неколку скакулци му скокнале во јадењето. Се присетил на барањето и рекол: „Селото од денес ќе се вика Скачковце“.
10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (2 дел)
При крајот на XIX и почетокот на XX век во Куманово постоеле и работеле околу 12 училишта во кои се школувале повеќе ученици. Меѓу другите, постоеле и Влашка школа, Грчка Школа и Стопанска школа.
Прва жртва што паднала во борбите против фашистичкиот окупатор во Куманово е Магдалена Антова – првоборец на Карадачкиот одред. Таа загинала кај белановска воденица на 14 октомври 1941 година.
Соколана во Куманово е изградена во 1951 година. Нејзината изградба траела три години. На местото каде што е изградена порано биле кумановските гробишта.
10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (3 дел)
Куќата на Кузман Стојковски – Татко во Куманово за сето време на НОБ служела како база на кумановските партизани. Во визбата на куќата во 1943 година, пред формирањето на Вториот кумановски партизански одред е испробан еден митролез. За да не се слушне пукањето, жената на Татко чукала во тенџериња. Митролезот го нарекле „Ќопо“ – бидејќи бил без ногарки.
10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (4 дел)
Според преданието на народот под Никуљски рид во Куманово се наоѓа езеро од кое со вода се напојуваат чешмите во селото Никуљане, Старо Нагоричане и другите села. Тоа е докажано со геолошки истражувања направени во 1962 година.
Во септември 1943 година борците од Вториот кумановски партизански одред го фатиле бугарскиот кмет на Старонагоричката општина. Преоблечен во бугарски полициски униформи неколку партизани влегле во „општинското управление“ и го фатиле кметот.
10 факти за кумановскиот спорт кои не сте ги знаеле (1 дел)
Прв кумановски кујунџија бил Аџи Стоилко Деспотовски, кој во 1830 година го изучил занаетот во Велес. Потоа во Куманово го отворил првиот кујунџиски дуќан.