Голем број луѓе кои се идентификуваат како кучиња се собраа во главниот град на Германија, а снимките од Потсдамер Плац брзо станаа вирални.
Необичната група не се двоумела да лае и да завива, а многу корисници на социјалните мрежи не го разбрале ваквото „однесување“, пренесува New York Post.
Експертите повикуваат да се направи јасна разлика помеѓу луѓето кои се идентификуваат како животни („теријанци“) и поединците кои уживаат во маскирање („косплеј“).
Не се знае каква била „рамнотежата на силите“ во Берлин, меѓу 1.000 собрани, но факт е дека многумина носеле маски.
Собирот предизвика поделени мислења на интернет, а критичарите не ги скршиле зборовите.
„Пуштете ги во сибирската тундра, па да видиме дали ќе преживеат“, „Викнете ја инспекцијата, нека им дадат инјекции против беснило“, „Ако се идентификуваат како кучиња, зошто носат маски?“, прочитајте некои од непријатните коментари.
Потсетуваме дека Јапонецот, кој на глобалната мрежа е познат како Токо, е еден од првите „теријанци“.
Тој потрошил повеќе од 14.000 евра на костим за коли, со цел да го исполни детскиот сон и да го запознае светот од перспектива на животното.
Во јавноста се појави пред една година, а оттогаш собра армија обожаватели кои ги следат случувањата во неговиот живот.
Во едно од интервјуата тој изјави дека би сакал да запознае сродна душа: „Мислам дека би било одлично ако некој постоеше. Би сакал да ја запознаам“.
@nypostThey’ve got a bone to pick. A pack of dog-identifying humans has prompted calls for “animal control” after footage of their Berlin meet-up went viral.