Зошто жените побрзо стареат од мажите? Ова е причината!

Сподели со своите пријатели

Сите статистички податоци покажуваат дека жените живеат подолго од мажите, но исто така е познато дека стареат побрзо од посилниот пол.

Ако мислите дека тоа не е вистина, запрашајте се колку пати само сте искоментирале парови, и сте рекле дека мажот станал помаркантен и позгоден со текот на годините, а дека неговата понежна половина се „запуштила“.

 

 

И сега научниците открија зошто е тоа така.

Првата причина е бременоста и менопаузата низ кои поминуваат жените, но други причини, кои ги покажале истражувањата, се прилично неочекувани.

Така, жените се многу под влијание на стресот отколку припадниците на посилниот пол.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали е штетно ако пиеме вода додека јадеме?

На нив им е многу потешко да поднесат напнати ситуации, рокови и притисок, па затоа полесно се „кршат“ отколку мажите, објасни д-р Џудит Моринг.

 

 

Каква врска има стресот со стареењето?

Докажано е дека напнатоста и нервозата влијаат на бројни процеси во телото, вклучувајќи ја и состојбата на кожата.

Сето ова има врска со хормоните – естрогенот е одговорен за младо лице кај жените, и тестостерон кај мажите.

Жените први добиваат брчки бидејќи производството на естроген опаѓа побрзо од производството на машки хормони. Сепак, брчките кај жените не се толку длабоки и остри како кај мажите.

Постои уште една причина што е исто така прилично неочекувана и има врска со некои општи разлики меѓу половите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто би требало секојдневно да јадеме јаткасти плодови? (ВИДЕО)

 

 

Дерматолозите тврдат дека мажите стареат побавно затоа што имаат дури 25 проценти подебела кожа од жените, а познато е дека брчките за таквите луѓе се јавуваат потешко отколку за оние со тенка кожа.