16.05.2019 13:57

Зошто плачеме и зошто женските солзи течат подолго?


Поголемиот дел од истражувањата покажува дека жените плачат почесто од мажите. Во студија од 1982 година, психологот Вилијам Фреј пресметал дека жените во просек плачат 5,3 пати месечно, додека мажите 1,3 пати во месец. Освен тоа, женското плачење во просек трае пет до шест минути, за разлика од машкото кое трае две до три.

Холандскиот психолог, Ад Фингерхутс од Универзитетот во Тилберг е еден од ретките експерти кои го проучувале плачењето, а сите негови резултати укажале на разликите помеѓу жените и мажите кои почнуваат уште во детството. Кај бебињата плачењето е неутрално и универзално, сите бебиња тоа го прават еднакво, а еволуционите психолози велат дека станува збор за „звучно истражување на потребите на родителите“.

loading...

Јасно е дека културните фактори играат значајна улога, а тоа го потврдуваат и соснанијата дека истражување спроведено во различни држави покажале дека луѓето почесто плачат во земјите каде плачот е социјално поприфатлив.

Фенерхутс, исто така октрил дека повеќе се плаче во богатите слоеви од општеството, што доведува до заклучок дека просперитетот влијае на тоа често да ги изразуваме чувствата.

Психологот, меѓутоа не смета дека мажите помалку плачат само поради прилагодливоста на прифаќањето во социјалните правила на однесување, туку и поради тестостеронот. Тој дошол до сознанија дека пациенти оболени од рак на простата, кои се лечат со супстанци кои го знижуваат нивото на тестостерон плачат повеќе.

На прашањето зошто плачеме сепак не постои јасен одговор.

Луѓето се единствениот вид кој плаче од емотивни причини (некои научници претходно утврдиле дека слоновите плачат кога тагуваат, но тоа не е потврдено).

Поради некои причини, оваа прашање не е доволно истражено. Не знаеме зошто плачеме кога чувствуваме физичка болка. Не знаеме зошто плачеме кога доживуваме емоционална траума или моменти на голема радост.

loading...

Со оглед на тоа дека сме изразити социјални суштества, можеби во прашање е показателот, начин како на другите да ги пренесеме длабоките и важни внатрешни ментални состојби, но сето тоа се само претпоставки.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments