Додека за многумина од нас стапалата служат само за одење, за други тоа е најубавиот дел од телото.
Фасцинацијата со женски стапала знае да оди толку далеку, па според резултатите од едно истражување од 2006 година, токму тоа е најчестиот фетиш во светот.
Во што е тајната на „фут фетишот“?
Иако жените повремено имаат фетиш на машки стапала, претежно ова е карактеристично за мажите.
– Фетишизмот за стапалата која се нарекува и подофилија е засилен сексуален интерес за стапала и обувките. Тоа е најчестата форма на сексуален фетишизам за инаку несексуални објекти или делови од телото, вели Колен Сингер, експерт по сексологија.
Неврологот Вилајнер Рамахандран смета дека и стапалата и гениталиите заземаат слични области во самотосензорниот кортекс на мозокот, што може да објасни зошто некои луѓе стануваат сексуално стимулирани откако ќе помислат на стапала.
Од друга страна, социологот Десмонд Морис вели дека фетишизмот кон стапала се формира поради некој трауматичен настан во раната возраст кој вклучува стапала.
Сигмунд Фројд сметал дека фетишите кон стапала се базирани на фактот дека стапалата личат на пениси.
Многу возрасни лица со фетиш кон стапалата најверојатно влечат некои настани од детството како што се скокоткање.
Други нагаѓаат дека нозете, како и гениталиите и градите можат да бидат привлечни само затоа што секогаш се кријат и ретко кога се прикажани на отворено.