Зошто кутиите за пица се квадратни, а не тркалезни? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пицата е дефинитивно едно од најпопуларните јадења во светот и веројатно токму сега, додека го читате овој текст, размислувате колку би било добро да изедете вкусно парче.

Loading...

А ако некогаш сте се запрашале зошто кутиите за пица се квадратни, а не кружни како самата пица, го имаме одговорот.

 

 

Причината за дизајнот на кутијата е всушност многу едноставна.

Производството на квадратни кутии е поевтино и поедноставно. Може да се направи од едно парче картон. Освен тоа, ваквите кутии полесно ја пакуваат пицата пред испорака. Производството на тркалезни кутии би било многу напорно и комплицирано, а со тоа и поскапо.

Освен тоа, кружните кутии би требало да се состојат од два дела, долниот дел за пица и капакот.

Loading...

Има повеќе простор во квадратна кутија, така што празниот простор може да се искористи за додавање додаток како кечап, а таквите кутии лесно може да се наредат и складираат.

Интересно е и тоа што во минатото имало обиди со дизајн на тркалезна кутија, но тие обиди биле неуспешни.

Иноваторот Џон Харви дизајнирал тркалезна кутија за пица во 2004 година, но неговиот изум се покажа како проблематичен поради начинот на кој беше произведен.